Пахор: Македонија мора во некој разумен рок да биде членка на ЕУ

Од:

Статус кво ситуацијата со проблемот со името и приближувањето на Македонија кон Европската унија фактички значи назадување. Оставањето на Македонија надвор од интеграциските процеси не е добро за земјата и за регионот, но и за Европската унија.

Ова го истакна словенечкиот претседател Борут Пахор, одговарајќи на новинарско прашање по неформалната промоција во Скопје на Европското првенство во кошарка 2013 што во септември ќе се одржи во Словенија.

Пахор, кој престојува во дводеневна официјална посета на Македонија, рече дека веќе имал разговори со претседателот Ѓорге Иванов и со престедателот на Собранието Трајко Вељаноски и оти во текот на денов треба да се сретне и со премиерот Никола Груевски.

– Потребно е да се најде добра политичка волја кај Европската унија, кај Македонија и кај нејзините соседи да се најде излез од ваквата ситуација која не е корисна за никого. Мислам дека Македонија не само што заслужува, туку имајќи ги предвид европските желби за мир, стабилност и благосостојба мора во некој разумен рок  да биде членка на Европската унија. Не велам дека е правично, но Македонија мора да покрене иницијатива за заживување на дијалогот  меѓу Скопје и Атина за најпосле Атина да даде некаков одговор, рече Пахор.

Порача дека не сака да биде советник или да нуди рецепти за надминување на проблемот со името.

– Моја желба како голем и искрен пријател на Македонија е да ја разберам состојбата во која се најде не само Македонија, туку и соседните држави и Европската унија зашто статус кво состојбата по мене значи назадување. Затоа мислам дека е потребно што поскоро да се извлечеме од ситуација која не е добра за никого, а најмалку  за Македонија, рече Пахор.

Во таа смисла, додаде, му рекол на претседателот Иванов да му кажат доколку тој и неговите соработници оценат дека како претседател на Република Словенија, земја членка на ЕУ, може да помогне на дискретен или на друг начин да се воспостави некој дијалог, бидејќи како претседател на словенечката Влада учествувал во решавањето на проблемите со соседна Хрватска.

– Колку и да изгледа дека Македонија се наоѓа во неправична позиција заради сопствените стратешки интереси мора да направи некој гест со кој на меѓународната заедница ќе и покаже дека е достојна и ќе ја присили да одговори за да се надминие статус кво ситуацијата, прецизира Борут Пахор. 

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија