Државниот секретар на САД, Џон Кери решен е да го најави продолжението на израелско-палестинските преговори пред да ја заврши посетата во регионот, пренесе денес анонимно палестинско официјално лица.
– Американскиот државен секретар е решен пред заминувањето во петок да го најави продолжението на преговорите изјави анонимното лице за „Франс прес“ и додаде дека има напредок по састанокот на Кери, откако вчера ја изнел иницијативата на претседателот Мохмуд Абас во Аман.
Палестинскиот претседател Абас утре ќе одржи состанок со палестинската управа, за да ги проучат предлозите.
Според изворот се очекува да се разрешат некои прашања по денешниот состанок на Кери со делегацијата од Арапската лига во Аман.
Во делегацијата е и палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал Малки.
Елена Георгиевска