Претседателот на Социјалистичката партија и премиерот на Србија, Ивица Дачиќ денес ги изнанади новинарите со торта, по повод 23-от роденден на партијата.
Тортата ја донесе пратеникот на СПС, Дејан Раденковиќ, кој на новинарите им ја предаде тортата и им рече дека им ја пратил премиерот.
Претходно СПС во Центарот „Сава“ одржа прием на кој покрај функционерите и членовите на партијата присуствува и лидери од владеачките коалиции, претседателот на парламентот Небојша Стефановиќ и претставници на дипломатскиот кор.
Елена Георгиевска