Во октомври 62 возачи во тетовско казнети за управување возило под дејство на алкохол

Од:

Тетовската полиција во текот на октомври открила и казнила вкупно 62 возачи за управување возило под дејство на алкохол.

На поголем дел од нив им се одземени возачките дозволи.

– Во октомври на поширокото тетовско подрачје 62 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол, веднаш биле исклучени од сообраќај, а на 51 од нив времено им се одземени и возачките дозволи. Покрај тоа, изготвени им се и соодветни поднесоци, така што тие ќе се соочат и со парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 225 до 325 евра во денарска противредност, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите и особено до помладите да не седнуваат зад волан доколку претходно конзумирале алкохол или да избегнуваат алкохол доколку возат,

Највисока глоба ги очекува оние кои имале над два (2) промили алкохол во крвта, а уште повисока од 500 евра е за оние кои одбиле да бидат алкотестирани.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава