Белорусија ја предупреди Полска да не користи провокации на границата

Од:

Белоруските власти денеска ја предупредија Полска да не „користи провокации“ на границата, каде неколку илјади мигранти чекаат да влезат на територијата на Европската унија (ЕУ) додека на границата се распоредени полски војници.

Минск и Варшава веќе неколку недели се во спор околу мигрантското прашање, додека ЕУ го обвини белорускиот претседател Александар Лукашенко дека организирал бран мигранти, главно од Блискиот Исток, како одговор на санкциите на ЕУ кон Белорусија поради репресијата врз опозициските демонстранти.

Белоруските власти денеска ги отфрлија тие обвинувања и ја предупредија полската страна да не користи провокации за да ги „оправда можните незаконски воинствени дејствија“ против мигрантите.

Минск ги оцени како „неодржливи“ обидите на Полска да ја префрли одговорноста врз Белорусија „за мигрантската криза на границата“.

– Полското Министерство за одбрана не бара конструктивно решение за тоа прашање и намерно ја крева актуелната конфликтна ситуација на политичко ниво, изјавија белоруските власти.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња