Санкционирани 86 возачи на територијата на Скопје

Од:

Во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 86 мерки во областа на сообраќајот, информира Министерството за внатрешни работи.

-Од вкупниот број санкции, 17 се за брзо возење, десет санкции се изречени за возење без возачка дозвола, четири за минување на затворен сигнал, три санкции за возење под дејство на алкохол, четири за непрописно престигнување и обиколување, соопшти МВР.

Од Министерството информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат на почитување на сообраќајните правила и прописи, со цел побезбеден сообраќај.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава