Од почетокот на кризата во Грција се самоубиле 16 полицајци

Од:

Шеснаесет грчки полицајци извршиле самоубиство од почетокот на економската криза во Грција во 2010 година, а петмина од нив се самоубиле оваа година, соопшти министерот за јавен ред Никос Дендиас.

Информацијата на Дендиас е одговор на пратеничко прашање од Сириза откако еден полицаец во Ханија на Крит минатиот месец се самоуби со службениот пиштол. Пратениците сугерираат дека самоубиствата може да се поврзани со намалувањата на платите во текот на изминатите три години, а дополнителен притисок се и зголемувањата на трошоците.

Во својот одговор Дендиас рече дека „не постои ниту еден апсолутен фактор“ што предизвикува луѓето да извршат самоубиство. Сепак, министерот рече дека од октомври 2012 година, за полициските службеници на кои им треба помош обезбедена е посебна шема за психолошка поддршка во чии рамки психолози посетуваат разни области во земјата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит