Економиите на земјите од источна и централна Европа покажуваат убедлив раст, но и покрај тоа во Хрватска и Словенија оваа година ќе биде забележан економски пад, прогнозир директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.
– По пет години криза најлошото веројатно помина. Меѓу земјите од источна и централна Европа во рецесија ќе бидат само две држави, рече Лагард во обраќање пред банкарите за време на посетата во Букурешт.
Таа посочи дека минатата година осум држави од ЕУ беа во рецесија.