Двајца мажи на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот Ковид-центар

Од:

Двајца мажи од Берово и Штип на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот Ковид-центар, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во дневниот здравствен билтен. Се очекува во текот на денот раководството да информира во каква состојба биле донесени пациентите и кои компликации од коронавирусот предизвикале смрт кај пациентите на возраст од 35 и 38 години.

Штипскиот Ковид-центар веќе десетина дена континуирано се полни со пациенти од источниот регион. Во Инфективното одделение се хоспитализирани 54 пациенти, од кои 48 се на кислородна поддршка, а на Кожното одделение се лекуваат девет пациенти. Во штипскиот Ковид центар има шест слободни болнички кревети.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски