Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница треба да донесе одлукa за определување вршител на должност – претседател на Основниот кривичен суд Скопје.
Членовите на Судскиот совет треба да изберат ВД претседател на скопскиот Кривичен суд, бидејќи минатата недела на актуелниот претседател на Судот, судијата Иван Џолев, му заврши мандатот.
На дневен ред на денешната седница се и барањето од судија во врска со утврден надоместок на трошоци за превоз, како и Одлуката за престанок на судиска функција пoради исполнување на услови за старосна пензија.