Мицкоски негира дека пратеник го повлекол потписот за недоверба и тврди дека има мнозинство

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски негира дека пратеникот Скендер Реџепи од „Алтернатива“ бил измамен и не му било кажано дека Левица ќе е дел од мнозинството за гласањето на недоверба на Владата на СДСМ и ДУИ. Тој кажа дека немал чуено изјава од пратеникот дека ја повлекува веќе дадената изјава и потпис, туку дека, како што рече, криминалната влада на Зоран Заев треба да замине.

„Информацијата е без да биде цитирана изјава на Скендер Реџепи, без потврда, а потоа беше дистрибуирана во јавноста. Јас во животот не мамам. Најмалку имам потреба да се служам со методи кои мене како човек ми доликуваат. Најдобар демант на сето ова ќе биде иницијативата која ќе биде поднесена утре до Собранието. Немам чуено дека пратеникот Скендер го рекол тоа. Имав можност да чујам друга негова изјава дека оваа криминална влада треба да замине, предводена од Зоран Заев. Верувам во неговата чесност и честитост“, кажа Мицкоски.

Тој не очекува премиерот Зоран Заев да поднесе оставка. Мицкоски посочи дека ако утре до 14:30 часот тоа не биде направено, ќе ја поднесат иницијативата за гласање на недоверба.

„Вратата за секој оној кој што мисли дека оваа Влада на Зоран Заев не е добра, е отворена. Секој кој ја поддржува, нема да биде дел од оние пратеници кои ќе гласаат за недоверба. Тука не постои политичка партија, туку 120 пратеници. 61 застанаа, 59 ги оставам да размислат. Да ја завршиме прво првата работа, потоа има Устав, закони, кој треба да се почитуваат. Мандат се дава на мнозинство и така натаму. Да почекаме да се случи прво првата работа. Лично, не очекувам дека Заев ќе даде оставка, тоа го темелам на претходно искуство. Ќе го доставиме тоа до претседателот на Собранието. 14:30 ќе ја отпочнеме процедурата за гласање на доверба на оваа Влада на Зоран Заев ако не даде неотповиклив оставка“, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Се размислува за дополнителни даноци за немажени и неженети, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Штокер: Гентерм инвестира овде затоа што веруваме во луѓето, во поддршката на Владата

ВИДЕО: На талибански начин се брише македонскиот идентитет од Извештајот во Европа, реагира Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Македонскиот идентитет за мене не е само кујната туку и македонските револуционери Делчев, Груев и Сандански

Мицкоски: Не прифаќаме уцени кои не оддалечуваат од европските вредности

Катерина Ѓуровски

Западен Балкан веќе не е чекалница и одбива да биде оставен назад, порача Мицкоски од Самитот во Скопје

Катерина Ѓуровски