Мицкоски упатил барања до градоначалниците за реализација на проекти, а тие го информирале за злоупотреби од претходниците

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски направил средба со градоначалниците кои ги преземаа општините ширум Македонија и ги добија локалните избори. Тој посочи дека тие веќе воочиле злоупотреби од нивните претходници, но и дека бара пожртвувана и чесна работа од нив.

„Независно од случувањата во Централната власт, сметам дека е многу значајно по ниту една цена да не се занемари она што беше ветено за граѓаните на локалните избори. Се што ветивме треба да се исполни. Да се започне решавање на проблемите на граѓаните. Без оглед што огромен дел од општините се презадолжени, во голем дел од нив, првичните информации велат дека има злоупотреби на ресурсите, земање плата на луѓе и не одење на работа. Потребен е максимален ангажман од секој градоначалник за реализација, а овие работи не смеат да бидат причини за неуспех“, кажа Мицкоски.

Тој потенцираше дека тие не должат никому, освен на градоначалниците. Ја повика јавноста да биде коректор на градоначалниците и нивната работа.

„Имајќи во предвид дека во програмите имаме сериозни капитални проекти, ќе побарам од градоначалниците во следните 30 дена да започнат со најмалку 3 капитални проекти од инфраструктурен карактер за решавање на проблемите. Мојот совет до нив беше да се покаже скромност во делувањето, да се откажат од привилегиите кои самата функција ги носи. Потребно е да покажеме пред граѓаните дека тоа што го зборуваме, го мислиме и работиме. Веднаш, апелирам тоа да го направат и градоначалниците кои се дел од коалицијата, да се откажат од употреба на службените возила надвор од службените потреби и да се откажат од пари за ручеци. Побарав да се излезе на терен, да се комуницира со граѓаните за решвање на нивните проблеми“, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

До крајот на неделата технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Можно е ново намалување на ДДВ за горивата

Катерина Ѓуровски

Од градоначалникот па надолу сите во Гостивар треба да понесат морална одговорност за кризата со водата, смета Мицкоски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО