Британски истражувачки центар дава 100.000 евра за најдобриот план за напуштање на ЕУ

Од:

Истражувачки центар во Лондон објави конкурс со награден фонд од 100.000 евра за најдобриот план за излез на Велика Британија од Европската унија.

Институтот за економски прашања ја појаснува оваа иницијатива со потребата да се изработи солиден проект, доколку на референдумот што го вети премиерот Дејвид Камерон за 2017 година, Британците се изјаснат за излегување на земјата од ЕУ.

– Важно е на тоа решение да му претходат аргументирани дебати, изјави Нејџел Лоусон, поранешен министер за финансии и член на жирото на „Брексит прајс“ (Brexit Price), комбинација од зборовите „Британија“ и „излез“.

Конкурсот е отворен за приватни лица, групи и институции.

– Во овој момент дискусиите предизвикуваат повеќе страсти, отколку што фрлаат светлина кон решавање на прашањето. Од суштинско значење е да се фокусираме на политичката рамка, која ќе биде потребна во случај Обединетото Кралство да одлучи да ја напушти ЕУ, додаде поранешниот министер за финансии.

– Определувањето на наградата во евра, а не во британски фунти е симболично, поради тоа што жирито смета дека излегувањето од ЕУ, треба да ја направи Велика Британија, отворена кон надвор и кон слободната трговија, а не да ја претвори во држава, која е преориентирана на внатрешниот пазар и своите специфични интереси, појасува Филип Бут, директорот на Институтот за економски прашања.

Камерон во јануари најави дека планира да ги предоговори условите за членство на Велика Британија во ЕУ и дека доколку неговата Конзервативна партија победи на изборите во 2015 година, ќе организира референдум за ова прашање до крајот на 2017 година.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја