Криумчари на мигранти скокнале од камион во движење бегајќи од полицијата, возилото удрило во автомобилот на МВР

Од:

Доцна синоќа, околу 1 часот по полноќ, на излезот од Стар Дојран, полицијата во товарно возило пронашла 42 мигранти (41 од Сирија и 1 од Бангладеш).

Откако возачот и совозачот на товарното возило ги забележале полициските службеници, скокнале од возилото во движење и избегале, а возилото се вратило назад и удрило во службено возило на МВР, информираат од полицијата.

Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа од Гевгелија.

Мигрантите се предадени за понатамошна постапка, по што ќе бидат спроведени до прифатно-транзитен центар.

Би можело да ве интересира

Велешанец усмртен од камион

Полицаец издавал службени тајни на адвокат на осомничен

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“

Професор истепал ученичка во средо училиште во Кичево