СДСМ: Мицкоски потврди дека го интересира само власт, нема ниту политичка идеја, нема вредности, нема платформа

Од:

Христијан Мицкоски потврди дека го интересира само власт, по секоја цена, и дека не станува збор за никаква политичка идеја, нема никакви вредности, нема платформа. Денеска народот слушна од Мицкоски дека целта му била да руши Влада со политичка партија која е дел од актуелната влада – БЕСА, дека земјата ќе ја носел напред ама со анти-НАТО и анти-американски коалиционен партнер – Левица се вели во реакцијата од СДСМ на денешната прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– На следниот состанок на масата на новата коалиција останува да ги стави фотографиите од Орце Камчев, Никола Груевски и Сашо Мијалков и да изјави дека заедно ќе го расчистуваат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Не може тие што ги кочеа сите прогресивни процеси, интерграцијата во НАТО и ЕУ, порастот на платите да бидат опција за иднината. Конфликтот на принципи, конфликт на ставови, конфликт на политики и конфликтот на вредности на сите овие политички субјекти кои ги споменува Мицкоски не може да испорача ништо за интересот на граѓаните, ниту пак за националните интереси на државата. Ќе видиме деновиве дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, дали Мицкоски има капацитет и одговорност. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е на страната на граѓаните, на страна на националниот интерес и напредокот на државата. Ги повикуваме на соработка и одговорно застанување на страната на демократската опција сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина на нашата држава, за правда и економскиот напредок.

Би можело да ве интересира

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

(ВИДЕО) Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги, а молчи за Кочани

Горан Наумовски