„Училиште во облаци“ – иднината на образованието

Од:

Образовниот истражувач Шугата Митра е добитник на овогодинешната ТЕД награда, а негова желба е да изгради „Училиште во облаци“, каде децата ќе можат сами да истражуваат и да учат едни од други.

Митра се занимава со пронаоѓање на нови и иновативни начини на употреба на компјутерите, софтверите и другите технолошки средства во образованието. Еден од најпознатите резултати на неговата работа е откритието, според кое модерните мултимедиумски компјутери и децата се „создадени едни за други“.

На доделувањето на ТЕД за 2013 година Митра одржа величенствен говор и посака една многу храбра желба.

– Помогнете ми да создадам „Училиште во облаци“, лабораторија на учењето, каде децата ќе може да истражуват и да учат едни од други, користејќи ги ресурсите и менторите од тој облак, порача тој.

На предавањето, кое предизвика воодушевување и овации од публиката, Митра ја нагласи позитивната страна на технологијата и интернетот во образованието на децата. Со своите експерименти, спроведени ширум Индија докажал дека децата интуитивно за многу кратко време ја совладуваат работата со компјутерот, иако не знаат ниту еден англиски збор.

Митра и неговите колеги во 1999 година го почнаа експериментот „Дупка во ѕидот“. Зградата на компанијата во која Митра работел била одделена само со еден ѕид од сиромашен кварт во ЊуДелхи, каде секојдневно си играле многу необразовани мали деца.

Тој добил идеја во ѕидот да постави компјутер со Интернет и камера, за да види дали некое од децата ќе се заинтересира за нешто што дотогаш им било сосема непознато. За неколку минути децата сфатиле како да го насочат курсорот и да кликнат на глувчето, а до крајот на денот веќе откриле како се користи интернет.

По ова Митра продолжил да спроведува експерименти ширум Индија со деца од различни социјални опкружувања, а на изненадување на многумина резултатот секогаш бил позитивен.

Проектот „Дупка во ѕидот“ покажува дека и дури и во отуство на каков било директен контакт со наставникот, опкружувањето кое поттикнува љубопитност може да предизвика самостојно учење и заедничко знаење.

Митра, кој во моментов е професор по образовна технологија на Универзитет во Велика Британија, овој вид на учење го нарекува „минимално инванзивно образование“.

– Мојата желба е да создадеме иднина за учењето. Не сакаме да бидеме резервни делови за човечкиот компјутер. Мораме точно да го дефинираме, бидејќи тоа е многу важно. Мојата желба е да помогнам во создавање на иднина за учењето, поддржувајќи ги децата ширум светот да се вклучат во своето чудо и нивната способност да работат заедно. Помогнете ми да го изградиме ова училиште. Ќе го наречеме „Училиште во облаци“.

– Тоа ќе биде училиште, каде децата ќе заминуваат на вакави интелектуални авантури, водени од големите прашања, кои им ги поставуваат посредниците, нагласи Митра.

Тој смета дека денешното образование е застарено и изрази надеж дека слична виртуелна шема на образование ќе се појави во блиска иднина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска