СДСМ: Сите коалициски партнери ја потврдија стабилноста на парламентарното мнозинство

Од:

Парламентарното мнозинство е одговорно кон иднината на државата и народот и во оваа насока СДСМ разговора со сите партии коалициски партнери, кои потврдија дека мнозинството во Собранието е стабилно и изразија поддршка на Владата од оваа парламентарно мнозинство, соопшти денеска Социјалдемократскиот сојуз.

– На Северна Македонија и е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните, посебно во време на пандемијата и енергетска криза со јасен евроатлантски курс на дејствување, се додава во соопштението.

Од партијата информираат дека во тек се секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство.

– На денешниот состанок на раководство на СДСМ, претседателот на партијата Зоран Заев информираше за консултациите и разговорите со коалициските партнери, информираа од СДСМ.

Во соопштението се посочува дека заедно со претседателот Зоран Заев, партиското раководство работи на решенија и одлуки со кои СДСМ се реорганизира со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и секако да биде водечка партија во парламентарното мнозинство кое го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата.

– На денешниот состанок на раководството се утврдија следните чекори на партијата кои од наредната недела ќе бидат ефектуирани, за што јавноста, граѓаните, ќе бидат информирани, истакнаа од партијата.

Од СДСМ, посочуваат и дека согласно статутарните одредби, со оставката на Заев на местото лидер на партијата, во оставка е и целото раководство на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата