МЗ: Почнаа преговорите со производителот на лекот „Молнупиравир“

Од:

Почнаа преговорите со производителот на лекот „Молнупиравир“, информираат од Министерството за здравство, од каде посочија дека навремено ќе информираат во врска со набавката на лекот.

Лекот „Молнупиравир“ е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид-19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 отсто, посочија од Министерството.

Во врска со тоа дали се планира воведување нови мерки, бидејќи е во пораст бројот на активни ковид случаи, од Министерството истакнаа дека Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје ја следат епидемиолошката состојба во државата и на основа на тоа носат препораки со цел спречување на ширење на Ковид-19.

-Според податоците од анализите што ги прават епидемиолозите од ИЈЗ, во изминатава седмица не е забележано рапидно зголемување на позитивни од тестирани на Ковид-19. Од регистрираните нови позитивни случаи од 32 града во државата, забележано е зголемување од 3,7 отсто во однос на претходната седмица. Најголем дел од новозаразените се од Скопје. Нема притисок и во болниците. На територијата на цела држава во ковид – центрите хоспитализирани се вкупно 423 пациенти со Ковид-19. Засега нема нови предлози и препораки од Комисијата за заразни болести за заштита од Ковид-19, информираат за МИА од Министерството.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски