Прв пресек oд скрининг во училиштата: Од 1323 тестирани шест ученици позитивни на Ковид-19

Од:

Од 1323 основци и средношколци досега опфатени со скринингот за откривање Ковид-19 во училиштата, вирусот бил потврден кај шест ученици во основното образование, а 1317 ученици биле негативни на тестот. Тестирани се 725 основци од прво до деветто одделение и 598 средношколци од подрачјето на Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид,

Министерството за здравство соопшти дека ги објавува досега обработените податоци за првите денови од скринингот, кој го прават центрите за јавно здравје во 496 средни и основни училишта на територија на цела држава. Тие постапуваат согласно донесениот Алгоритам за училиштата во случај на појава на ученик со симптоми или сомнителен на вирусот.

– За поголем дел од центрите за јавно здравје скринингот завршува утре, а крајните резултати центрите мора да ги испратат најдоцна до средината од следната седмица. По обработката на податоците Министерството за здравство ќе ја објави целосната анлиза со што ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот КОВИД-19 меѓу учениците во училиштата, наведува Министерството за здравство.

Информира и дека во моментов активни на вирусот во земјава се 885 деца на возраст од 0 до 17 години. На Институтот за белодробни заболувања Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9 до 16 години. Еден пациент е на кислородна поддршка, а сите останати се со лесна клиничка слика. Ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.

Според податоците од националниот систем Мој термин, досега во земјава 5800 деца на возраст од 12,13,14,15,16 и 17 години примиле една доза антиковид-вакцина, а ревакцинирани се 4860 малолетници.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски