САД со апел до Либан да продолжи со дипломатските контакти со дел од монархиите во Персискиот залив

Од:

САД денеска упатија апел за одржување на дипломатските контакти меѓу Либан и неколку монархии во Персискиот Залив, чии односи се во сериозна криза.

-Ние веруваме дека каналите на комуникација меѓу Либан и неговите партнери мора да останат отворени. Ја поддржуваме секоја мерка што го промовира тој пристап, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Тој додаде дека дипломатските канали мора да останат отворени доколку сака да се подобри хуманитарната ситуација во Либан.

Дипломатската криза избувна откако се дозна дека либанскиот министер за информации, Георг Кордахи, додека се уште не бил избран во владата, за „апсурдна“ ја оценил интервенцијата на меѓународната коалиција во граѓанската војна во Јемен.

Коалицијата, која ги вклучува Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, се бори на страната на меѓународно признатата јеменска Влада против бунтовниците поддржани од Иран.

Либанскиот министер Кордахи на функцијата беше номиниран од Хезболах, шиитско проиранско движење во Либан.

Либанскиот премиер Наџиб Микати се огради од неговата изјава и имплицитно го повика да поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Нема да гласаме за прекин на огнот со Либан сè додека Хезболах не прифати услови

Горан Наумовски

Кац: Израел продолжува со воените операции во јужен Либан и покрај прекинот на огнот

ИРГК: Нема мир додека Израел не се повлече од Либан

Хезболах го отфрли предлогот за прекин на огнот со Израел

Катерина Ѓуровски

Српски војник загина во Либан

ВИДЕО: Израел и Либан договорија примирје