Столтенберг: Кина го менува глобалниот баланс на силите

Од:

Зголеменото влијание на Кина ги нарушува односите на моќта ширум светот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на посетата на Копенхаген.

– Глобалната рамнотежа на силите се менува бидејќи Кина станува поголема и посилна воена сила, рече поранешниот норвешки премиер Столтенберг на средбата со данската премиерка Мете Фредериксен.

– Кина е сè поблиску до нас. Ги гледаме во кибер просторот, ги гледаме во вселената, ги гледаме во Африка и ги гледаме на Арктикот. И гледаме како Кина се обидува да ја контролира критичната инфраструктура овде во Европа, додаде тој.

Сето ова имаше безбедносни импликации, рече Столтенберг.

Севернтоатлантската алијанса во јуни значително го зацврсти својот колективен став кон Кина, истакнувајќи дека однесувањето на Пекинг претставува „системски предизвик за меѓународниот поредок заснован на правила“.

Традиционалниот противник на трансатлантската одбранбена алијанса е Русија, но американскиот претседател Џо Бајден напорно се залагаше сојузниците од НАТО повнимателно да го следат Пекинг, пишува ДПА.

Столтенберг денеска повтори дека односите со Москва се на ниска точка, велејќи дека работите не биле толку тешки од крајот на Студената војна.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени