Пет здравствени проблеми на кои мора да внимавате во лето

Од:

Не барајте спас од жештините во студените пијалаци или претерано климатизирани простории, бидејќи тоа може да му наштети на вашето здравје.

Ако температурата надвор надминува 30 степени целзиусови, а вие влезете во климатизирана просторија, организмот нема да може да се навикне во кус рок на толку драстична промена и ќе доживее шок.

Лекарите, освен тоа што повторуваат дека треба да се штитиме од штетните сончеви зраци, дехидратација и сончаница, предупредуваат и на опасноста од претерано и несоодветно разладување.

1. Чувајте се од провев

Кога сте испотени, не правете провев во просторијата во која седите, ниту во автомобилот за време на возењето. Воздухот кој струи ве освежува кусорочно, а може да ви донесе бројни проблеми како кивавица, кашлица, болки во ушите, вртоглавица, вкочанетост на вратот, рамениците, грбот. Провевот брзо ја лади кожата и ги надразнува нервите, по што можат да настанат и потешки компликации, како што се пареза фацијалис, искривеност на мускулите на лицето.

2. Пазете каде седите

Седењето или лежењето на студени површини, особено во влажен костим за капење, го зголемува ризикот од воспаление на мочниот меур. За тоа посебно внимание треба да обрнат жените, бидејќи тие се наклонети на инфекции на мочните патишта.

Совет – ако немате резервен костим за капење при излегување од вода, седете на сонце додека не се исушите.

3. Прво туш, па потоа базен

plivanje

Топлината ги шири крвните садови, а студот ги стеснува. Поради тоа не треба да влегувате во вода веднаш по сончањето. Разладувањето на телото одеднаш може да предизвика колапс на кардиоваскуларниот систем, а особено може да биде опасно за лица кои имаат срцеви проблеми и проблеми со циркулацијата.

Совет – ако подолго време сте престојувале на сонце, истуширајте се пред влегувањето во вода. Доколку нема тушеви, во вода влегувајте постепено.

4. Драстични промени на температурата

Ако Ако температурата надвор надминува 30 степени целзиусови, а вие влезете во климатизирана просторија, организмот нема да може да се навикне во кус рок на толку драстична промена и ќе доживее шок. Како последица на долготраен престој во претерано разладен простор може да се јави вкочанетост на мускулите, настинка, засипнатост и воспаление на грлото.

Совет – разликата меѓу температурата на климатизираниот простор и надворешната температура не смее да биде поголема од шест степени.

5. Сок да, но без мраз

Beach-view-with-Mochito

Претерано разладените пијалаци претставуваат температурен шок за слузницата на грлото и гласните жици, па се јавува засипнатост, гребење на грлото и болки при голтањето. Водата од фрижидер со многумраз не му годи на желудникот, бидејќи го забавува варењето.

Ваквиот вид разладување особено треба да го избегнуваат лицата кои страдаат од гастрит, чир на желудникот или на дванаестпалачното црево.

Совет – разладувајте се умерено. Пијте течности на собна температура, свежо изцедени сокови од овошје и зеленчук, минерална вода и слабо разладени чаеви.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска