Директорот на српската полиција бара смена на началникот на жандармеријата

Од:

Директорот на српската полиција Милорад Вељовиќ предложил да биде сменет началникот на Жандармеријата Братислав Дикиќ, во врска со апсењето на припадник на жандармеријата, осомничен за двојно убиство, јави Танјуг.

– Очекувам целосна поддршка од министерот за внатрешни работи да го решиме ова прашање уште денеска, инаку ќе имаме уште проблеми. Полицијата треба да биде фактор на стабилност и да има доверба на народот, рече Вељовиќ на прес-конференција.

Братислав Дикиќ
Братислав Дикиќ

Убиството, според Вељовиќ, „била капката која ја прелеала чашата“, и патоказ на другите старешини дека мораат да водат сметка што се случува во нивните единици а не да се занимаваат со кадровски прашања.

– Ова е нешто што не смее никогаш да се повтори. Ниту еден поединец не смее да биде над системот и државата, никој не може себеси да си дозволи да функционира надвор од системот на Дирекцијата на полицијата ако е во тој систем, рече Вељовиќ.

Директорот на полицијата изрази сочувство на блиските на убиените, истакнувајќи дека убиецот е „изрод“, а не припадник на полицијата или жандармеријата.

Српските медиуми соопштија дека приведениот припадник на жандармеријата е осомничен дека убил и потоа запалил двајца млади, кои вчера биле откриени во опожарен автомобил „ауди“, во село во близина на Јагодина.

Вељовиќ рече дека осомничениот е 33-годишен припадник на жандармеријата Александар Крстиќ од Краљево. Полицијата утврдила дека тој на еден од убиените му должел 5.000 евра.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ