Речиси 100 држави ќе го намалат метанот и ќе го забават затоплувањето за 0,3 степени

Од:

САД и ЕУ денеска во Глазгов го претставија глобалното ветување за намалување на метанот, потпишано од речиси сто држави, кое до 2030 година треба да го запре глобалното затоплување за 0,3 степени.

Глобалното ветување со кое државите се обврзуваат на намалување од 30 проценти до 2030 година го потпишаа половина од 30-те најголеми емитери на метан. Последен се приклучи Бразил, еден од петте најголеми загадувачи. На иницијативата не и се приклучија Кина, Русија и Индија кои исто така се меѓу првите пет емитери на метан.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на конференцијата за климатски промени COP26 денеска рече дека намалувањето на метанот не само што ќе го забави глобалното затоплување, туку и ќе спречи 200.000 предвремени смртни случаи и стотици илјади случаи на астма и ќе спречи загуба на 20 милиони тони посеви.

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека САД ќе го предводат намалувањето со нови мерки за запирање на истекување на метан од гасоводот, а властите ќе работат на намалување на емисиите на тој гас и на фармите.

САД и ЕУ ја започнаа иницијативата во септември на Генералното собрание на ОН. Тогаш ја потпишаа само девет држави, а денес се близу сто – само во периодот непосредно пред конференцијата во Глазгов, под дипломатската офанзива на САД, го потпишаа 60 држави.

Метанот е безбоен, без мирис, запалив гас кој најмногу се произведува во депониите, во земјоделството, сточарството и при вадењето нафта и гасот. Во однос на количината, тој е втор најприсутен стакленички гас во атмосферата по јаглерод диоксидот и е одговорен за околу една четвртина од глобалното затоплување.

Иако метанот ја загрева планетата 80 пати посилно од CO2, тој исчезнува од атмосферата за две децении, додека јаглерод диоксидот се задржува стотици години, па се смета дека неговото намалување има брз ефект врз глобалното затоплување.

Во мајскиот извештај на Обединетите нации се сугерира дека намалувањето на метанот оваа деценија би можело да влијае на 0,3 степени помалку глобално затоплување до 2040 година. Американскиот претставник за климата Џон Кери денеска во Глазгов изјави дека метанот е виновен за 0,5 од вкупно 1,1 степени колку што се загреала Земјата во споредба со прединдустрискиот период.

Би можело да ве интересира

Научниците тврдат: Во тек е феноменот Ел Нињо, кој придонесува за затоплување на планетата

По првпат откриена микропластика во свежи снежни врнежи на Антарктикот

А1он

Истражување: Сè уште е можно да се задржи глобалното затоплување на два степена

А1он

ОН: Сегашното глобално затоплување е најсилно во последните 200 илјади години

Ана Ололовска

На самитот на Г20 во Рим светските лидери ќе преземат обврска глобалното загревање да остане во рамките на 1,5 степени Целзиусови

Исландските глечери се намалуваат многу брзо, им се заканува целосно исчезнување

Ана Ололовска