Првиот потпретседател на владата на Србија и лидерот на Напредна партија, Александар Вучиќ денес изјави дека реконструкцијата на владата ќе биде целосна или тој воопшто нема да учествува.
Тој рече дека не знае кој ќе биде исходот од реконструкцијата и потврди дека седницата на Главниот одбор на СНС е закажана за 26-ти јули.
-Дали ќе успеам или не, не знам. Но, нема да се откажам од она што го реков, а тоа е или ќе се направи целосна реконструкција или јас нема да учествувам-порача тој.
Целосната реконструкација во Владата не се однесува само на СНС, туку и на сите коалициски партнери.
-Тоа се однесува на партијата која што ја водам, коалициските партнери и владата на Србија. Мислам дека тоа е доволно јасно и како што гледате јас сум целосно релаксиран. За разлика од нив, не се родив, ниту пак ќе умрам во фотелја-изјави Вучиќ.
Елена Георгиевска