Премиерот Никола Груевски по средбата со коалиционите партнери изјави дека ВМРО-ДПМНЕ и останатите партии од коалицијата „За подобра Македонија“ не посакуваат предвремени избори, но дека е отворена можноста за истите доколку се случи некој нов момент.
Не сме расположени да има избори, иако состојбата на теренот е поволна за ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, ние би имале победа на тие избори. Нашето размислување е да продолжиме да ја реализираме нашата програма, и не посакуваме да има предвремени избори, сепак оставаме можност тоа да се случи доколку бидеме принудени со некаков нов момент, рече Груевски.
Премиерот Груевски кажа и дека очекува Комисијата за настаните од 24. декември да приврши со својот извештај, но и да биде непристрасна и објективна.
За пресудата на Основниот суд Скопје 2 кој по тужбата на премиерот го казни лидерот на НСДП Тито Петковски за клевета со 10 илјади евра, Груевски рече дека е задоволен.
П.П.