Даштевски: Одѕивот до 18,30 е 48,88 отсто, на девет избирачки места гласањето продолжува и по 19 часот

Од:

Одѕивот на гласањето до 18,30 часот е 48,88 отсто. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, на една минута по затворањето соопшти дека на девет избирачки места гласањето ќе биде продолжено за онолку време колку што траел прекинот утрово.

Гласањето продолжува во Центар на избирачкото место 2867 /1 за 2 часа и 35 минути, на избирачкото место 2831 ќе се продолжи 2часа и 55 минути. Во Сарај на избирачкото место 2433 гласањето ќе продолжи 2 часа и 45 минути, на избирачкото место 2435 2 часа и 45 минути и на 2438 ќе има продолжување од два часа. Во Карпош продолжување ка има на избирачкото место 2652 2 часа и 30 минути, во Чешиново – Облешево на избирачкото место 0887 гласањето ќе продолжи уште 1 час и 11 минути, во Зелениково на избирачкото место 2373 ќе се гласа уште 2 часа и 15 минути, во Пробиштип на избирачкото место 1566/1 гласањето ќе продолжи уште 1час и 55 минути, на избирачкото место 1572 гласање ќе има уште два часа о во Долнени на избирачкото место 1471 гласањето ќе се продолжи за 1 час и 30 минути, колку што траел прекинот утрово.

Најголем одѕив во вториот круг до 18.30 часот има во Вевчани 81,2 отсто, а најмал одѕив е регистриран во Сарај каде што на гласање до 18.30 часот излегле 28,12 отсто од запишаните гласачи.

Во текот на изборниот ден пристигнале вкупно 739 приговори од кои 642 се прифатени, 45 одбиени и за 52 приговори било утврдено лицата ги има во Избирачкиот список.

„Сметам дека сите се уверивме дека имавме успешен и мирен ден со изолирани инциденти, не беа организирани, и фер и демократско гласање. Уредите за биометриска идентификација работеа беспрекорно освен неколку проблеми сабајлево што беа регулирани и не се повтори. Останува да се пребројат гласовите и да заклучиме дека денот помина успешно“, рече претседателот Даштевски.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска