Одѕивот до 17 часот достигна 42,85 отсто, во Скопје најмногу гласачи излегле во Карпош – 47,05 отсто

Од:

До 17 часот на гласање во вториот круг од локалните избори во 44 општини и во град Скопје излегле 42,85 отсто од запишаните гласачи.

Општина со најголем одѕив и до 17 часот е Вевчани каде на гласање веќе излегле 75,6 отсто од гласачите, а се уште најмал одѕив има во Сарај, 23,41 отсто.

Одѕивот за град Скопје до 17 часот е 39,99 отсто, односно по општини – Аеродром 42,37 отсто, Бутел 36,65 отсто, Гази Баба 38,18 отсто, Ѓорче Петров 40,76 отсто, во Карпош одѕивот е најголем и изнесува 39,9 отсто, Шуто Оризари 27,48 отсто.

Портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугуческа попладнево соопшти дека биле поднесени вкупно 433 приговори од кои 378 се прифатени, 34 се одбиени, а 21 лице кое поднело приговор, било најдено во Избирачкиот список.

Во сите досегашни пресеци одѕивот во вториот круг беше поголем отколку во првиот круг. До 17 часот во првиот круг гласале 40, 98 отсто од запишаните гласачи.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски, во претходните пресеци рече дека очекува граѓаните помасовно да излезат на гласање во последните два часа до затворањето на гласачките места во 19 часот. Тој најави продолжување на гласањето на девет гласачки места места на кои прекините утрово беа подолги од еден час. Нови прекини во текот на гласањето нема, а во ДИК нема дојави ниту за инциднти на избрачките места.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска