Вчера во 14:20 часот во Полициската станица Кочани, од политичка партија било пријавено дека 63-годишниот М.М. од Кочани агитирал врз Ш.И. нудејќи и паричен надоместок за да гласа за еден кандидат за градоначалник, информира Министерството за внатрешни работи.
Во врска со пријавата, во 17:50 часот во Полициската станица бил извршен службен разговор со М.М..
Се работи на расчистување на случајот.