Одѕивот до 13 часот е 24,78 отсто, најголем во Вевчани 52,46 проценти

Од:

До 13 часот во вториот круг за избор на градоначалници одѕивот е 24,78 отсто. Гласале вкупно 269.674 гласачи. Најголем е одѕивот во Вевчани каде на гласање до 13 часот излегле 52,46 отсто од запишаните гласачи. Најмал одѕив и во овој пресек има во Сарај 9,74 отсто.

Претседателот на Државната изборна комисија Алесандар Даштевски соопшти дека и во овој пресек одѕивот е поголем во однос на првиот круг од изборите. За споредба, во првиот круг на овие избори до 13 часот гласале 237.476 гласачи, односно 20,76 отсто од гласачите.

Различно во овој круг, за разлика од првиот, Даштевски нагласи дека е тоа што нема редици луѓе што чекаат да гласаат.

„Овој круг се разликува од првиот. Нема пријавено редици луѓе. Јас лично во првиот круг гласав околу 12 часот и чекав еден час, а сега не чекав ни пет минути. Се потврди она што го тврдев во првиот круг дека метежот се прави поради гласачките ливчиња. Сега во Скопје има само по две ливчиња, а во останатите општини по едно“, рече претседателот Даштевски.

Тој го оцени изборниот ден како мирен и изрази надеж дека така ќе остане до крајот. Мал метеж рече дека е очекуван пред затворањето на гласачките места во 19 часот од оние кои во пет минути до деветнаесет часот доаѓаат да гласаат.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска