Во Центар и во Сарај се гласало на класичен начин оти немало сигнал за смарт картичките

Од:

На три избирачки места во Центар и на три избирачки места во Сарај утрово по околу еден и пол час се гласало на класичен начин со УВ ламба и спреј. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски објасни дека дозволиле да се гласа на класичен начин додека се надминат проблемите за да не се враќаат гласачите дома.

„Прекини од 1 час имаше на избирачките места 2867/1,2831 2815 во Центар и три места во Сарај односно на избирачките места 2433, 2435 и 2438. Поради неизвесноста дали ќе се вратат граѓаните, еве ги повикувам оние што се вратиле повторно да излезат, дозволивме да се гласа на класичен начин, но проблемите се надминати. Причините за прекините се банални, немање сигнал за смарт картичките. Во тој саат и пол додека дојдат да земат нови, решивме да се гласа на класичен начин, но продолжено е да се гласа со уредот“, соопшти претседателот Даштевски.

На сите избирачки места, според досегашните податоци, претседателот Даштевски извести дека се гласа со уредите за биометриска идентификација, вклучително и во руралните средини.

Прекини поголеми од еден час имало и на едно избирачко место во Карпош, во Чешиново – Облешево и во Зелениково, но на ниту едно избирачко место прекинот не надминал три часа. На сите избирачки места каде што имало прекин поголем од еден час, гласањето ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска