Претседателот на Тајван, Ма Јинг Џеу одби да ја прифати оставката на министерот за одбрана Као Хуа Чуа, кој одлучи да се повлече затоа што еден војни почина од топлотен удар и од напорите на кои што бил изложен.
Војникот Хунг Чунг Чиу во воена база внел мобилен телефон со камера, што од безбедносни причини е строго забрането, а за казна морал по многу топло време да ги извршува најнапорните вежби.
Бидејќи војникот починал, казнети се 37- официри, од кои 15 ќе се гонат кривично.
Министерот за одбрана од морални причини поднесе оставка, но претседателот на Тајван одби да ја прифати, наведувајќи дека е неоправдана.
Елена Георгиевска