Одѕивот до 9 часот е 5,25 отсто. Нa гласање утрово излегле 56.700 гласачи. Оѕивот во вотриот круг до 9 часот е поголем отколкуво првиот круг. Во првиот круг, до 9 часот, на гласање беа излезени 3,28 тсто од запишаните гласачи. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски утрово соопшти дека сите гласачки места се отворени навреме и гласањето тече.
„Технички проблеми имаше во Карпош, на две избирачки места во Сарај, во Македонски Брод и во Центар. Надминати се проблемите, се однесувале на мемориските картички и тие се заменети. Онаму каде што прекинот на гласањето бил подолг од еден час, гласањето ќе продолжи“, рече претседателот Даштевски.
Во Ранковце одѕивот до 9 часот е 15, 23 отсто, во Конче 14, 28 отсто, во Пехчево 13,73 отсто Лозово 11,89 отсто се дел од општините со поголем одѕив.
Се гласа на 2481 избирачко место во 44 општини и во Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, а во Дебар и во Шуто Оризари се повторува првиот круг.
Активна е бесплатната линија 0800 555 44, а граѓаните со оштетен слух и говор на 076/ 488 – 360 преку видео повик можат да постават прашање до ДИК и да добијат одговор на знаковен јазик.