Без проблеми минува гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците

Од:

Гласањето на вториот круг од Локалните избори на болните и немоќните, лицата со Ковид-19, затворениците и лицата во страските домови минува непречено и без проблеми, информира денеска на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугучевска. На еден ден пред вториот круг од локланите избори односно денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно 7 645 гласачи.

На гласачките места во 14 Казнено – поправни установи своето право на глас можат да го остварат 1409 гласачи. Сите гласачки места во затворите се отворени во 7 часот и таму гласањето ќе трае до 19 часот. До пладне, како што кажа Гугучевска, таму гласањето било без проблеми.

Во домашни услови денеска гласаат и 5588 Болни и немоќни лица или лица во куќен притвор, чии пријави биле прифатени од општинските изборни комисии, како и 376 лица со Ковид-19 или во изолација.

Во установите за вонсемејно згрижување своето право на глас можат да го остварат вкупно 266 гласачи, а право на глас имаат и шест внатрешно раселени лица.

Државната изборна комисија (ДИК) за набљудување на вториот круг од Локалните избори акредитираше 1598 набљудувачи, од кои 1220 домашни и 368 странски, како и 10 странски новинари.

Гугучевска информираше дека со цел надминување на проблемите што се појавија со ракувањето со терминалите за биометриска идентификација на гласачите одржан е уште еден циклус на едукација со претседателите и замениците претседатели на избирачките одбори, а посочи дека исто така на ДИК на располагање и се 400 технички лица кои би помогнале за надминување на евентуални проблеми при гласањето.

Таа повтори дел од препораките на ДИК усвоени на вчерашната седница за намалување на гужвите на избирачките места имајќи го искуството од првиот круг од гласањето.

За гласачите активен е бесплатниот телефонски број 0800 555 44 на кој сите заинтересирани граѓани можат да се јават или да остават коментар до ДИК заедно со своите податоци за контакт за да добијат одговор на поставеното прашање.

И оваа година во однос на комуникацијата со граѓаните со оштетен вид, слух и говор на денот на изборите, односно утре активен ќе биде телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашање до ДИК и да добијат одговор на македонски знаковен јазик. За сите граѓани на располагање се интеренет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер и каналот на Јутјуб.

Право на глас на вториот круг на овие локални избори со изводите во кои се запишани и двете избирачки места на кои се повторува гласањето од првиот круг во Дебар и во Шуто Оризарисе запишани се 1 353 990 гласачи.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска