Филе: Србија влегува во одлучувачка фаза во односите со ЕУ

Од:

Европскиот комесар за проширување, Штефан Филе утре ќе пристигне во дводневна посета на Белград, каде што со официјални лица на Србија ќе разговара за идните чекори во евроинтеграцискиот процес.

Како што е соопштено од Делегацијата на ЕУ, Филе доаѓа за да посака добредојде на државата која влегува во нова, одлучувачка фаза во односите со ЕУ, бидејќи Европскиот совет на 28-ми јуни одлучи да ги отвори преговорите за пристапување на Србија.

-Одлуката за отворање на пристапните преговори претставува голем успех за српското раководство, со што се наградени континуираните напори. Но тие напори мора да продолжат, бидејќи процесот на преговарање е тежок и трае со години-изјави Филе.

Тој при посетата ќе се сретне со претседателот на Србија, премиерот, членови на владата и пратеници.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ