Во Грција потврдени првите случаи на новиот Делта плус сој

Од:

Од 384 потврдени случаи на Делта сојот во Грција за периодот од 29 септември до 18 октомври, два се однесуваат на варијантата Делта плус, што воедно се и првите потврдени случаи на оваа мутација во земјата.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција во седмичниот извештај за мутациите во земјата, соопштуваат дека два од делта случаите се однесуваат на варијантата ΑΥ.4.2 и се регистрирани во централното и јужното подрачје на Атина.

Според светските медиуми, Делта плус сојот го има во Велика Британија, а мал број случаи се регистрирани и во Данска, Германија, САД, Израел и Русија.
Во понеделникот, Министерството за здравство на Кипар соопшти дека и на островот се потврдени првите два случаи на Делта плус.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски