(ВИДЕО) Заев: СДСМ е подготвен за предвремени избори ако се прифатат препораките на ОБСЕ/ОДИХР

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е подготвен за предвремени парламентарни избори, но само доколку се вградат препораките на ОБСЕ и ОДИХР, изјави лидерот на партијата Зоран Заев синоќа во Штип.

Според него, теоретски не е можно предвремени парламентарни избори да има во септември, бидејќи е поминат рокот за нивно распишување, но, како што рече, доколку парламентарното мнозинството  одлучи да се случат тие се подготвени како политичка партија да излезат на избори.

Посочи дека нема да дозволат корумпирани избори и дека тоа ќе го направат со сите можни начини, инструменти и можности што ги имаат на располагање.

Тој вели дека во општинските организации меѓу кои и во Штип во тек е постапката за избор на ново раководство, смета дека на демократски начин ќе биде избрано, кое ќе донесе нова свежина, но и  нова  програма и платформа на СДСМ. Заев синоќа во Штип присуствуваше на свечено отварање на новите простории на Општинската организација на СДСМ-Штип во Трговскиот центар.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски