Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 35. Европски шампионат во традиционално карате – ЕТКФ во Белград, Србија.
Како што информираат од МТКФ, боите на Македонската репрезентација во Белград ќе ги бранат: Дејан Недев, Емилија Јанчевска, Јадранка Недева и Бојан Богдановиќ во сениорска конкуренција, Антонија Белазелкоска, Иван Пиневски и Максимилијан Глигоров во јуниорска конкуренција, Мила Младеновска во кадетска конкуренција и Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Борјан Синадиновски, Марта Димковска и Софија Јарчевска во конкуренција на деца.
Европски шампионат во традиционално карате се одржува од 29-31 октомври 2021 година.