Советот за безбедност на ОН не е постигна договор за нови санкции кон Иран

Од:

Во Советот за безбедност на ОН не е постигнат договор за засилување на санкциите кон Иран, јави Анадолија.

Советот разговарал за нуклеарната програма на Иран и за засилување на санкциите кон оваа држава по тестирањето на балистичките ракети.

Постојаниот претставник на Австралија во ОН, Гери Квинлен изјави дека тестирањето на иранските ракети минатата година претставува кршење на санкциите од ОН и затоа тие треба да бидат зајакнати.

Тој додаде дека некои земји не се согласуваат со ваквото мислење, истакнувајќи дека нема да можат да се затегнат санкциите кон Иран доколку не се постигне договор во Советот за безбедност.

Дипломатски извори наведуваат дека Русија и Кина сметаат дека Техеран не ја прекршува одлуката на ОН.

Иран ги отфрли тврдењата на САД и некои европски држави, кои го обвинуваат за развој на нуклеарно оружје.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он