Башеле: Климатските промени се „прашање за опстанокот“ на човештвото

Од:

Високата претставничка на ОН за човекови права, Мишел Башеле ги повика денеска земјите да дејствуваат решително во решавањето на проблемот со климатските промени, нагласувајќи дека тоа е „прашање за опстанокот“ на човештвото.

Во изјавата пред самитот на ОН за климата следната недела во Глазгов, високата претставничка рече дека „само итна, приоритетна акција може да ублажи или спречи катастрофи што ќе имаат огромни, а во некои случаи и смртоносни, последици што ќе влијаат на сите нас, особено на нашите деца и внуци“.

Башеле ги повика владите кои учествуваат на самитот од 31 октомври до 13 ноември да ги исполнат ветувањата за финансиска помош за да им помогнат на најранливите сиромашни земји да ги намалат своите емисии на штетни гасови и да се справат со ефектите од глобалното затоплување. Како што истакна таа, станува збор за опстанок.

– Без здрава планета за живот, нема да има човекови права, а ако продолжиме по нашиот сегашен пат, можеби ќе нема луѓе, посочи Башеле.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас