Уапсен 25-годишен кумановец осомничен за кражба во семејна куќа

Од:

Кумановската полиција уапси 25-годишен кумановец, кој е осомничен дека крадел апарати за домаќинство и предмети од семејна куќа во Куманово

Како што соопшти денеска СВР Куманово, полицијата ги пронашла укредените предмети кај друго лице.

– Вчера во 19:50 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Р. (25) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека на 20 септември, годинава од семејна куќа на Б.Р. на улица „Средорек“ во Куманово одзел апарати за домаќинство и други предмети. Одземените предмети биле пронајдени кај друго лице на кое ги продал и ќе бидат вратени на сопственикот. Е. Р бил приведен во полициска станица, соопшти СВР Куманово.

По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

62-годишник од струмичко силувал малолетно девојче

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, телото испратено на обдукција

Кривична за вработена во Министерството за здравство: не направила контрола во фирма за производство на медицински канабис

Пукање од автомобил во скопски Центар