Еден мигрант убиен, а тројца ранети во близина на Табановце

Од:

Еден мигрант е убиен, а тројца се тешко ранети од огнено оружје во близина на граничниот премин Табановце.

Според првичните информации од МВР, граѓанин во 2 часот по полноќ на граничниот премин Табаноце пријавил оружан иницент. Екипи на СВР Куманово на самото место утврдила дека едно лице е убиено, а тројца се тешко повредени.

Станува збор за мигранти, најверојтано од Авганистан, кои сакале нелегално да ја преминат границата и од Македонија да влезат во Србија. Биле пресретнати од група лица кои пукале врз нив. Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Полицијата врши увид на местото на настанот, а повеќе детали за инцидентот се очекуваат во текот на денов.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски