Железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција денеска е во прекин поради штрајкот на вработените во грчкиот јавен превоз.
Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајот ќе биде во прекин до 24 часот.
Во Грција денеска се одржува генерален штрајк, во пресрет на утрешното гласање во Парламентот по пакетот-закони за ревизија на државниот сектор, што е услов за продолжување на финансиската помош од меѓународните кредитори.
Кон денешниот штрајк најавија приклучување и вработени во железницата, во атинскиот приградски железнички сообраќај и делумно во метро превозот.