ДЗР: Сите учесници на Локалните избори до 30 октомври треба да достават извештај за примените донации за финансирање на кампањата

Од:

Сите учесници на Локалните избори 2021 се должни еден ден по завршување на изборната кампања, односно еден ден пред одржување на вториот круг на гласање – 30 октомври годинава, да изготват и до Државниот завод за ревизија, Државната изборна комисија и Државната комисија за спречување на корупцијата да достават Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања, укажува Државниот завод за ревизија (ДЗР).

За таа цел, како што велат, ДЗР на 30 октомври ќе обезбеди редовно работење на Архивата за прием на извештаите заклучно со 24:00 часот, а истовремено ќе овозможи и електронски прием на службената адреса на ДЗР: [email protected].

– Укажуваме дека Извештајот со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања, учесникот во изборната кампања е должен да го изготви на образец пропишан од министерот за финансии, односно согласно Правилникот за образецот за извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања и извештај за примени донации на трансакциска сметка за финансирање на изборна кампања, посочуваат од ДЗР.

Составен дел на овој правилник, додаваат, е и Упатството за начинот на пополнување на образецот на извештајот.

– Политичките субјекти се должни овие извештаи да ги објават на своите веб страници, потенцираат од ДЗР.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска