ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на Шилегов го трујат Скопје исто како и Дрисла

Од:

„Шилегов очигледно не видел како изгледа Дрисла и каква закана е за здравјето и животот на Скопјани. Шилегов со своите розеви очила не видел дека на Дрисла се складира опасен и медицински отпад без да се почитуваат основните стандарди. Најдобар демант за лажните прес конференции на Шилегов се фотографиите кои покажуваат дека Дрисла функционира субстандардно и медицинскиот отпад се третира како обичен отпад. Лагите на Шилегов го трујат Скопје исто како и Дрисла“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Петре Шилегов.

„Цела среќа што неработникот и манипулатор Шилегов заминува и проблемот со Дрисла ќе се решава според највисоките европски стандарди, со цел да се заштити животот и здравјето на граѓаните на Скопје“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ