На вчерашното снимање на едно видео обраќање на кандидатката за советничка Дина Спировска за скандалите околу салата Расадник и Данела Арсовска, се појавил активист на ВМРО-ДПМНЕ кој не дозволувал да продолжи снимањето и дофрлувал до присутните, информира СДСМ Скопје.
Како што соопштува СДСМ Скопје, повикана била полицијата која изготвила службена белешка и го отстранила човекот од локацијата, по што снимањето продолжило.
– Што сака да скрие ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните на Скопје што не дозволува да се снима салата Расадник? Зошто партиски активисти се подготвени физички да се конфронтираат заради независна кандидатка, прашува СДСМ Скопје.