Сириски бунтовници бараат осомничен за убиство на нивни командант да биде изведен пред исламски суд

Од:

Водечката бунтовничка група во Сирија, Високиот воен совет, соопшти дека бара „исламски суд“ да го испита убиството на еден од нејзините главни команданти, извршено минатата недела од страна на странски исламистички борци.

Ова е прва официјална реакција на Совет, кој ужува поддршка од западните земји, за убиството на Камал Хамами познат како Абу Баир ал Ладкани, кое ги сврте едни против други  либералните и исламистички бунтовници во Сирија.

Според бунтовнички извори, главниот осомничен Абу Ајман ал Багдади се крие и нема најава дека неговата група Исламска држава во Ирак и Левант, која е поврзана со Ал Каеда, ќе му го предаден на Судот во градот Алепо.

– Шеријатскиот суд ќе го разгледа случајот. Сите страни се информирани за тоа. Воениот совет бара убиецот да му биде предаден на сирискиот суд. Советот исто така донесе одлука да ги отстрани контролните пунктови на главните патни правци и да не дозволи маскирани вооружени лица да стојат на пунктовите, истакна претставник на групата.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија