Апелациски суд во Амстердам: Збирката археолошки предмети од Крим да се врати на Украина

Од:

Апелацискиот суд во Амстердам денеска одлучи да и ја врати на Украина колекцијата археолошки предмети што Крим му ги позајми на музејот во Амстердам непосредно пред Русија да го анектира во 2014 година.

„Апелацискиот суд во Амстердам му наложи на музејот ’Алард Пирсон’ да го предаде богатството на Крим на украинската држава“, објавија судиите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави „долго очекуваната победа“ по одлуката на холандскиот суд.

Поставката на бронзени мечеви, златни шлемови и други антиквитети се претвори во д ипломатски спор, бидејќи експонатите пристигнаа од Крим додека тој беше дел од Украина.

Откако Русија го анектираше Крим, и Украина и Русија бараа предмети од изложбата „Крим – злато и тајните на Црното море“.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски