Палестинскиот премиер во посета на Брисел

Од:

Палестинскиот премиер Мохамед Шајех денеска е во посета на Брисел каде ќе се сретне со високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел.

Информацијата ја потврди портпаролот Петер Стано на редовниот брифинг за новинари во Европската комисија.

Стано најави дека главна тема на разговори меѓу Шајех и Борел ќе биде соработката помеѓу ЕУ и Палестина и потребата да се рестартираат директните преговори помеѓу Израел и Палестина.

Шајех треба да се сретне и со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Вчера Европската унија реагираше со осуда на новите најави за изградба на нелегални населби во источен Ерусалим од страна на израелските власти и побара да се поништи тендерот за овие станбени единици кои се спротивни на меѓународното право.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелските затворенички му се заблагодарија на Хамас за добриот третман

А1он

Хамас ослободи четири припаднички на израелската војска

А1он

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски