Токио изрази загриженост поради воените акции на Русија и Кина

Од:

Група од 10 воени бродови од Кина и Русија помина низ тесен премин што ги дели двата најголеми јапонски острови Хоншу и Хокаидо. Токио изрази загриженост до Москва и Пекинг преку дипломатски канали поради неодамнешното заедничко минување на руската и кинеската морнарица низ теснеците Цугару и Осуми.

Министерот за надворешни работи Тошимицу Мотеги на прес-конференција рече дека минувањето на руски и кинески бродови низ Цугару и Осуми е прв таков случај и дека акциите на Москва и Пекинг во близина на Јапонија се внимателно следени, како и дека е изразена загриженост преку дипломатски канали.

Висок јапонски дипломат посочи дека Токио ќе продолжи со активните разговори со Москва на различни теми, вклучително и територијалното прашање.

Би можело да ве интересира

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Додик отпатува за Русија